Бебе

bebeЧестито, бебе!

Добредојдовте во клубот на родители. Сега започнувате да учите една нова епизода од животот која ќе Ви го направи заедничкиот живот уште позабавен, посреќен и побогат. Веќе имате безброј прашања поврзани со првото хранење, заспивање, здравјето, негата и грижата за Вашето најмило.

Ние сме тука да Ви дадеме насоки за поуспешно и правилно доење, за проблемите поврзани со спиењето на бебето, грчевите, плачењето, банањето, како и воведувањето на немлечната храна. Заедно ќе растеме и ќе се развиваме, за еден ден да станеме големиот батко и големата дада.