Витаминска бомба за имунитет за поголеми деца и возрасни

Дете Забавно катче Исхрана Рецепти Рецепти за деца

Витаминска бомба

Време е да го подготвите телото за ладните зимски денови. Само добар имунитет може да ве спаси од вируси и настинки, кои особено се присутни во овој период од годината. Природата ни дава се, само треба добро да знаеме што и како да комбинираме за да бидеме здрави.

Оваа смеса се препорачува за возрасни и деца. Поголемиот број од состојките се високо алергени, затоа се препорачува да го консумираат поголеми дечиња и деца кои не се осетливи на состојките.

Потребни состојки:

300 гр. мед (најдобро ливадски)

50 гр. суви сливи

50 гр. суви кајсии

50 гр. суви смокви

30 гр. сушена аронија

30 гр. сушена брусница
30 гр. суво грозје

50 гр. ореви

50 гр. лешници

50 гр. бадеми несолени

1 цеден свеж лимон

1 лажиче ѓумбир ( може да биде во прав или свежо изрендан)

Начин на подготовка:

Во подлабок сад се става овошјето сецкано на мали парчиња. Оревите, бадемите и лешниците се кршат со толчник. но можете да додадете и сомелени. Во садот го цедите лимонот и го додавате медот. Мешате со дрвена лажица и ставате во тегла. Оставете ја смесата да одстои една ноќ. Се препорачува по една супена дрвена лажица наутро, на гладно.