Најново истражување: Млечните заби на децата треба да се чуваат

Дете Здравје Предбременост

mlecen zabКога на детето ќе му падне млечно запче, многу родители прават одредени ритуали. Паднатото запче го чуваат под перница, а самовилата го зема во текот на ноќта и му остава на детето паричка…Некои родители, запчето го фрлаат на кров од куќа, за да биде цврсто како керамика…Традиција која е забавна за целото семејство. 

Но, според најновите научни истражувања, се утврдило дека млечните заби се вреден генетски материјал, кој може да се искористи за лекување на сериозни заболувања. Млечните заби во себе содржат матични клетки, кои може да регенерираат невроните, коските и рскавицата и некои клетки на срцевиот мускул.

Во случај на болест, како што е леукемијата, современата медицина може да ги искористи овие клетки од млечното запче за лечење на страшната болест, која порано се лечеше со трансплантација на коскена срж или друго ткиво.

За да се зачуваат матичните клетки, после паѓање на млечното запче треба да се замрзне во наредните 48 часа. Чувајте го во замрзнувач, бидејќи никогаш не се знае што е следно во животот…