Што се случува кога имаме недостаток на железо во нашиот организам?

Дете Исхрана Предбременост

Што се случува кога имаме недостаток на железо во нашиот организам?

-Дисбаланс на составот на крвта што доведува до состојба која медицински се нарекува анемија. Тоа е состојба кога доаѓа до намалување на еритроцитите во крвта. Поради недоволната количина на железо, крвта не може да ги снабдува ткивата со кислород, а ова доведува до дисфункционирање на целиот организам.

Како да ги препознаеме симтомите?

-Настапува умор, вртоглавици, општа слабост, намалена концентрација, кршливи нокти, се појавува недостиг на воздух, ладни стапала и дланки, неправилен ритам на срцето, намален апетит.

Дали храната може да ја подобри состојбата?

Да, ако консумирате доволно храна богата со железо како свински црн дроб, црвено месо, риба, јаткасти плодови, грав, жолчка од јајца, спанаќ, леќа, јагоди, киви, карфиол, брокули, компири, домати.

Кога консумирате храна богата со железо, избегнувајте чај, кафе, млеко и соја, затоа што тие го спречуваат апсорбирањето на железото. Калциумот ја спречува апсорпцијата на железо. Затоа, ако пиете минерали како додаток во исхраната, избегнувајте да ги пиете непосредно пред или после оброк богат со железо.

За да се подобри апсорпцијата на железото во крвта, препорачано е да пиете и јадете храна богата со витамин Ц, како сокови од цитрусни плодови (лимон, портокал, грејпфрут), овошје (јагоди, кајсии, киви) или пак зеленчуци (брокули, домати).