За нас

Минути за семејно уживање…

Веб порталот МОЕБЕБЕ е забавно катче за бебиња и деца каде младите родители ќе можат да најдат интересни и корисни информации за своите најмили, информации кои ќе им помогнат полесно да се снајдат во новата улогата на родители. Моебебе обработува теми за децата, за нивните потреби, желби, игри, покрај тоа има за цел да помогне на сите ранливи групи на деца на секој можен начин, барајќи можност за донирање средства за лекување и други потреби за овие дечиња.

Името на овој портал го посветувам на моето бебе, како и на сите ваши бебиња кои се наша најголема причина за среќа, љубов и разбирање. Преку содржината на веб порталот очекувам сегашните и идни родители да најдат одговор на сите прашања, но и да добијат и вредни награди, да се натпреваруваат, меѓусебно да споделуваат совети, да раскажуваат приказни и да ги пишуваат свои искуства. Ќе има многу изненадувања и интересни теми за читање.

Цел на МОЕБЕБЕ!

Целта на веб порталот е да им обезбеди квалитетни услуги и информации на своите клиенти, собрани на едно место. Тоа се услуги, информации и знаење за бебиња и деца, кои им се неопходни на младите и идните родители.